Пожарот на Скопска Црна Гора под контрола, активни четири шумски кај Македонски Брод

Од:

Пожарот на Скопска Црна Гора што избувна вчера е ставен под контрола. Екипите се на терен и интервенираат за целосно да го изгаснат, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во Македонски Брод има четири активни шумски пожари – во атарите на селата Крушје, Локвица, Грешница и Долно Ботушје. На терен се пратени екипи од Шумско стопанство Сандански – Македонски Брод.

Сè уште е активен пожарот што почна вчера кај местото Висока глава во битолското село Метимир. Како што информира ЦУК, таму гори сува трева во стара сеча. Од утрово на терен интервенираат вработени во Шумско стопанство Кајмакчалан – Битола. Локализирани се пожарите во атарите на струшките села Поум и Луково.

– Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да внимаваат при посети на отворени места или при работни активности во шумите и на други локации кои се со обрасната или необрасната шума. Поради опасноста од пожари, посебно се предупредува да не се палат стрништа или оган на отворен простор на необезбедени места, меѓи и други површини, да не се фрлаат шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, да не се врши палење отпад и друг запалив материјал и да не се фрлаат остатоци од цигари на отворен простор, соопшти ЦУК.

Ги повикува граѓаните доколку забележат сомнителни места каде што има оган или чад веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции или да се јават на 195 – телефонски број за итни повици на Центарот за управување со кризи.

-Потенцираме и дека државните инспекторати за земјоделство и за шумарство и ловство вршат постојани контроли на терен со цел превенција од пожари предизвикани од палење стрништа. Лицата кои ќе се затекнат како палат оган на отворен простор или, пак, поради невнимание предизвикале пожар, подлежат на законски санкции. За намерно предизвикување пожари, претстојат кривични пријави и предвидени парични и затворски казни, предупредува ЦУК.

Би можело да ве интересира

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари