Пожар во тетовско Палчиште, четворица повредени

Од:

Тетовецот Д.З.(69) село Долно Палчиште се здобил со изгореници по телото, а уште три лица биле полесно повредени во пожарот што вчера околу 17 часот избувнал во неговата плевна, информира денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според полицијата, Д.З. се обидувал со сила да отвори плинско шише во просторијата од плевната која привремено била користена и за живеење додека изведувале градежни работи во нивната куќа.

Поради тоа тука имало повеќе апарати за домаќинство меѓу кои била и печка на дрва која била запалена. Д.З. обидувајќи се да го олабави вентилот на плинското шише употребил предмет и поголема физичка сила и кога го конечно го отворил гасот започнал да брзо да истекува. Во тој момент се зачула и силна експлозија од која испукале прозорците на просторијата и се појавил пламен која ја зафатил нејзината внатрешност. Неговата жена, снаа и уште едно друго лице ја скршиле вратата од племната и успеале да го извлечат старецот кој имал повеќе изгореници по телото и кој по укажаната помош во тетовската клиничка болница била задржан за натамошно лекување.

Како што појасни Јосифовски при неговото извлекување уште три лица се здобиле со полесни повреди и тие по добиената лекарска помош биле пуштени дома. Од пожарот целосно изгорела плевната, а огнот го опожарил и автомобилот Ауди 4, сопственост на синот на Д.З., што бил паркиран во близина.

Со залагање на жителите на селото и пожарникарите од Тетовската територијална противпожарна единица кои брзо пристигнале на местото пожарот бил локализиран и целосно изгаснат. Полицијата извршила увид и работи на утврдување на сите поединости и вкупната материјална штета од овој пожар, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола