Повторно запалена депонијата Острец во Делчево

Од:

Градската депонија Острец од утрово повторно гори со засилен интензитет. Причина за запалувањето, како што информираа од делчевското комунално претпријатие, е човечки фактор заради што, најавуваат, ќе биде поднесена кривична пријава.

– При редовна обиколка на теренот наши екипи забележале собирачи на пластика и железо во близина на запалената депонија заради што ќе поднесеме кривична пријава.
Наши вработени со градежни машини и во моментот се на терен и работат на затрупување на депонијата со земја, информираа од претпријатието.

Нагласија дека ова не е прв пат поради човечки фактор да се случува вакво нешто на депонијата.

– Остануваме и понатаму со наши екипи да работиме се до целосно гаснење кое е отежнато поради ветарот, додадоа од претпријатието.

Чадот што се шири од депонијата од утрово најмногу е забележлив од жителите на делчевското село Габрово, но, миризбата на запалено констатно е присутна и во самиот град Делчево.

Би можело да ве интересира

Пожар на депонијата „Краста“

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско

Гори депонија во близина на Арачиново

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

„Културна кауза“ во Делчево – спој на музика, поезија и мултимедијални содржини

А1он

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија