Судењето за случајот „Плацеви на Водно” е одложено за 10. септември поради отсуство на бранителот на обвинетата Ратка Камчева, кој судечкиот совет го известил дека треба да присуство на јавна седница во друг предмет.
Претходното рочиште пак кое требаше да се одржи на 30. август, беше одложено поради тестирање за Ковид-19 на обвинителката Лиле Стефанова,
Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.
Според обвинението, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.