Возот што сообраќа на релацијата Скопје-Кичево вчера повторно бил каменуван, при што било искршено едно прозорско стакло.
– Пред влезот на железничката станица Скопје Север вчера во 17 часот и 5 минути од страна на две непознати лица извршено е каменување на патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Кичево при што било искршено едно прозорско стакло, информираат од МВР.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.
Во изминативе дваесетина дена ова е трето каменување на возот на релација Скопје – Кичево.