На делот од пругата меѓу железничките станици Железара и Скопје, вчера во 14:25 часот се случила железничка незгода во која едно лице е повредено.
МВР соопшти дека патничниот воз кој сообраќал на релација Кичево-Скопје удрил во Е.Ј.(32), кој се здобил со тешки телесни повреди при што му е укажана лекарска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски”.