Повреден скопјанец откако тракторска приколка со дрва паднала врз него

Од:

Синоќа во 19.45 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во Итна медицинска помош со тешки телесни повреди бил донесен В.С.(27) од Скопје.

По преземени мерки било утврдено дека тој се здобил со повредите околу 19.00 часот додека работел со неговиот татко во с.Владимирово, беровско, при што врз него паднала тракторска приколка натоварена со дрва и му ги притиснала нозете.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Берово.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден е тракторист, мажот заврши во болница

Битолчанец со трактор искршил влезна врата од казино

Деветмина повредени во судар на трактор и две возила

(ВИДЕО) Се преврте трактор со приколка кој превезуваше 16 матуранти, дел од нив завршија во болница

Горан Наумовски

Тракторист загина во несреќен случај близу Кавадарци

Двајца тешко повредени откако со трактор излетале од пат