Повлечен од продажба небезбеден чипс од Косово

Од:

Холандското органско какао „Cacao powder raw“ и чипсот „ВИПА Грил“ се повлечени како небезбедни, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Какаото не било пуштено во продажба, ниту дистрибуирано до крајните потрошувачи, но во него е утврдена количина на кадмиум над дозволената, додека чипсот бил достапен на пазарот и во него е детектирано присуство на акриламид.

Како што наведува АХВ на својата официјална веб страница, чипсот е со датум на производство 23.08.2023 и со рок на употреба 23.05.2024, а производител е „PESTOVA LLC“ – Косово. Агенцијата апелира, граѓаните кои имаат купено пакувања од овој чипс да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде што гo купиле.

-Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека се повлекува небезбеден производ БИО КАКАО во прав, 200 грама, поради присуство на кадмиум над дозволените количини. Се работи за производ со сериски број/лот 23326, со датум на производство 23.08.2023 и рок на употреба 22.05.2025, произведен во Холандија. Какаото е увезено од „Смарт Органик“ Бугарија, а увозник во земјава е „ТИНЕКС – МТ ДООЕЛ“ Скопје. Увезениот производ не е пуштен во продажба и дистрибуиран до крајните потрошувачи, потенцира АХВ.

Во однос на чипсот, Агенцијата информира дека е со сериски број/лот LM. Дистрибутер во Северна Македонија е „Аг-Сембол ДОО“ – Тетово, а оператор со хрaна ДТУ „КИППЕР МАРКЕТ“ ДОО Тетово.

-Крајните потрошувачи кои гo имаат купено овој производ со посочениот рок на употреба, да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, потенцира АХВ.

Би можело да ве интересира

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла

Кривична за Гоце Ѓорѓиевски од Крива Паланка – ги спречи службениците од АХВ да заловат крави

А1он

Затворена мензата во РЕК Битола: ако се потврди труење Синдикатот ќе бара одговорност

Спречен е увоз во Македонија нa 27 тони говедско мелено месо од Парагвај и 22 тони ореви од Казахстан

А1он

Подобрена безбедноста на храната во домовите за стари лица, информира АХВ

Уништена е над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

А1он