Миланов за вратените 11,6 тони македонски пиперки од Бугарија: Известени сме, се чека одлуката дали ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е известена дека Бугарија вратила 11,6 тони пиперки од Македонија поради зголемено ниво на пестициди. Како што ијзави денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов, се чека одлуката дали количините ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла.

– Операторот има право пиперката да биде уништена или да биде вратена и ние заедно со Инспекторатот за земјдоелство да ја уништиме по негово барање или по барање на земјата увозник. Известени сме за конкретниот слуај, чекаме да видиме дали ќе бдие уништена во Бугарија или ќе биде вратена тука, па операторот ќе ја уништи на Дрисла, изјави Mиланов, одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

АХВ заплени и уништи 470 килограми месни производи кои се пронајдени во Василево

Горан Наумовски

Продолжуваат контролите на зелените пазари

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он