Повик за апликации за стипендии на Словачката национална програма за мобилност

Од:

Амбасадата на Словачка во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност (Slovak National Mobility Programme).

Повикот, кој е објавен и на веб-страницата на Министерството за образование и наука, се однесува на студиски престој на странски студенти, студенти на докторски студии, универзитетски професори, истражувачи и уметници на словачките високообразовни институции и истражувачки организации, за академската 2020/2021 година.

Деталите за условите и информации за стипендиите се објавени на веб-страниците www.stipendia.sk и www.scholarship.sk.

Апликациите треба да бидат доставени електронски на веб-страницата: www.scholarship.sk, најдоцна до 30 април 2020 година, до 16 часот по централноевропско време.

Лице за контакт во Министерството за образование и наука е Гоце Видановски, Сектор за наука и иновации ([email protected])

Би можело да ве интересира

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Студентите најавија протест: „МОН не ни исплати стипендии кои ни требаат да запишеме семестар“

Орце Костов