Повеќенаменските игралишта во Ѓорче Петров и Шуто Оризари готови до крајот на август

Од:

Повеќенаменските игралишта во Општините Ѓорче Петров и Шуто Оризари коишто се дел од Проектот ”Изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава”, ќе бидат готови во предвидениот рок, односно кон крајот на месец август.

Тоа го констатирал директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски кој по денешната обиколка на објектите во двете општини утврдил дека градежните активности се одвиваат според зацртаната динамика на изведба.

Покрај овие повеќенаменски игралишта во Ѓорче Петров и Шуто Оризари, кон крајот на август ќе бидат готови и повеќенаменските игралишта во Лозово, Кочани, Крива Паланка, Кратово, Пехчево, Македонска Каменица, Карбинци, Пробиштип, Берово, Прилеп, Никифорово-Маврово, Гевгелија и Дојран, со што ќе се заокружи бројката на петнаесет (15) готови повеќенаменски игралишта кои ќе може граѓаните од овие општини да ги користат и да спортуваат.

Воведени во градба, пак, се уште 22 повеќенаменски игралишта во исто толку општини и според динамиката на изведба до крајот на годината се очекува да бидат готови и достапни за граѓаните.

Проектот “Изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава” започна со цел да се овозможат услови за спортување на младите на целата територија на Република Македонија со што ќе се влијае во правилниот развој и правилното насочување на младите во животот, се вели во соопштението од Агенцијата за млади и спорт.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Царовска: Студентите помогнаа да донесеме политики кои ќе го подобрат стандардот на младите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Затворениот базен во „Суитлак“ се очекува за една година, почна изградба и на кошаркарско игралиште

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Каевски: Од Буџетот ќе се исплаќаат по 14.500 денари за април и мај за спортистите и спортските работници

Ана Ололовска