Повеќе од четири часа трае распитот на Стефанова во обвинителство

Од:

Веќе четири часа трае сведочењето на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Распитот е до половина, а ќе продолжи по паузата која ја прави обвинителката за организиран криминал, Ивана Трајчева, која ја менува Вилма Русковска.

Медиумите пред Обвинителството чекаат изјава од Стефанова откако таа при доaѓањето ги избегна новинарските екипи и не влезе од службениот, а ниту од влезот за странки кој пак е затворен поради летните одмори.

МАКЕДОНИЈАЧетири часа трае распитот на обвинителката од СЈО Лиле СтефановаОбјавено пред 4 минути – 13 август, 2019Од Кристијан Ландов

Четири часа трае распитот на обвинителката од СЈО Лиле Стефанова во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Распитот ќе продолжи по паузата која ја даде обвинителката за организиран криминал Ивана Трајчева, која ја менува Вилма Русковска.

Медиумите пред обвинителството чекаат изјава од Стефанова, откако таа при доаѓањето ги избегна новинарските екипи и влезе од задниот влез.

Стефанова и специјалната обвинителка Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет-изданието на италијанскиот весник „Ла верита”, а во врска со случаите „Рекет” и „Империја”.

Лиле Стефанова е обвинителката за предметот „Империја“, каде што осомничени се Орце Камчев и Цветан Панделески. Во една од снимките што се објавени од италијанскиот весник „Ла верита”, поврзани со случајот „Рекет”, шефицата во оставка на СЈО, Катица Јанева, вели дека ја има под контрола Лиле Стефанова, обраќајќи му се на бизнисменот Орце Камчев, кој е осомничен во предметот „Империја”, кој го води Стефанова.

Обвинителката Стефанова преку писмена изјава во изминатите денови рече дека Јанева без нејзино знаење носела одлуки за случајот „Империја”, потсетувајќи дека барањето за издавање времен пасош било одобрено без таа да дaде согласност. Дополнително, обвинителката Јанева на состанок со обвинителите побарала предметот да се затвори и никој да не оди во затвор.

Би можело да ве интересира

Oбвинителството контра ДУИ: Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани

Горан Наумовски

Обвинителството поднесе жалба против малата казна затвор за Пајазити кој ја усмрти Теодора Ристовска

Горан Наумовски

Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“

Oбвинителство за седум полицајци бара притвор, тројца се обезбедени со претходна постапка

Се вршат претреси во Кочани и Скопје, се одземаат електронски уреди и докази

Истрага против 27 физички и три правни лица за трагедија во Кочани

Горан Наумовски