Повеќе деца родени во град отколку во село

Од:

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на живородените деца во градските подрачја изнесува 13.379 деца или 56,8 отсто од вкупниот број на живородени деца, наспроти 10.189 живородени деца или 43,2 отсто во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број раѓања по региони, има Скопскиот со 33,9 отсто, а најмало Источниот регион со 7 отсто.


Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања во градските подрачја изнесува 28,7 години наспроти 27,3 години во селските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 27,2 години наспроти 24,9 години во селските подрачја. При првото раѓање за 2,4 години е помлада мајката од селските подрачја.


Бројот на умрени лица во градските подрачја изнесува 12.082 лица или 60 отсто, наспроти 8.052 умрени лица или 40 отсто во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број на умрени лица, по региони, има Скопскиот со 27,3 отсто, а најмало Североисточниот регион со 8,5 отсто. Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја е 123 доенчиња, додека во селските подрачја изнесува 107 доенчиња.


Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 71,8 години наспроти 73 години во селските, или за 1.2 години поголема старост имаат лицата умрени во селските подрачја.


Учеството во природниот прираст кај населението од градските подрачја изнесува 37,8 отсто наспроти 62,2 отсто од
селските подрачја. Во три региони има појава на негативен природен прираст и тоа во: Пелагонискиот, Источниот и Вардарскиот регион.


Податоците за внатрешните миграции (преселбите во рамките на статистичкиот регион) покажуваат дека вообичаено, поголем е бројот на преселби од село во град. Најголемо учество во вкупните миграции на ниво на регион од село во град има Североисточниот регион со 49,7 отсто. Карактеристично за Полошкиот регион се меѓуселските преселби кои учествуваат со 61,3 отсто. Скопскиот регион во континуитет покажува позитивно миграционо салдо, како кај внатрешните така и кај надворешните миграции.Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, 938 лица, а најмало во Југозападниот регион – 829 лица и тоа претежно од градскиот дел.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Намален наталитет и негативен природен прираст во четвртиот квартал од 2023 година

Бебе од Србија почина во Виена, приведени родителите

А1он

Бебе падна од првиот кат на зграда во подрум во Параќин

Гинеколог од Сремска Митровица во притвор, осомничен за акушерско насилство

А1он

Пронајдено е бебе во корпа за отпадоци во близина на Торино