Поведена постапка за дилер од Струга​

Од:

Наредба за спроведување истражна постапка донесе јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга против 28-годишен стружанец, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При извршен претрес на 21 февруари 2022 година, во гаража која осомничениот ја користел во близина на неговиот дом во Струга, полициските службеници пронашле наркотична дрога марихуана. Дрогата која осомничениот неовластено ја држел заради продажба, била со вкупна нето маса од 433,8 грама, спакувана во една најлонска кеса, извести Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот суд во Струга доставил предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон или да влијае на сведоците, се додава во соопштението на Обвинителството. ​

Би можело да ве интересира

Во Србија фатен бугарски државјанин со над три килограми дрога

А1он

Медведев: Приказната за дрогата е изговор, вистинската цел е венецуелската нафта

Податоците од САД ги побиваат тврдењата на Трамп: Кокаинот во САД не доаѓа од Венецуела

Мадуро: Време е за разговори со САД за борба против дрогата

Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

А1он

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје