Поведена постапка против организирана криминална група за продажба на наркотици

Од:

По упатства од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи започна оперативна акција против организирана криминална група. Групата подолго време се занимавала со продажба на разни видови наркотици на територијата на целата држава, соопштуваат од Јавното обвинителство на Република Македонија.

„По поднесената кривична пријава против осум лица од Прилеп, Битола и Арачиново, надлежен јавен обвинител постапувајќи против шестмина осомничени до Судијата на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка – Притвор за пет лица и мерка – Куќен притвор за еден од осомничените. Лицата се товарат дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215, а на еден од осомничените му се става на товар и дека сторил кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 од Кривичниот законик.

Во исто време надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде наредби за вештачење на траги од наркотична дрога, вешачење на ДНК, како и на пронајдените количества на наркотичните супстанции.

Вештачењата се во тек. Двајца од осомничените не се достапни на органите на прогонот“ се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

А1он

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје

(ВИДЕО) Заплена на дрога во Струшко, во возило пронајдени 62 пакувања марихуана

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Американската војска уништи брод на наводни дилери во Тихиот Океан

Најсмртоносна операција против дрога во Бразил: Уште еден полицаец загина

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски