Потврдени 12 случаи на вработени во МВР позитивни на Ковид-19

Од:

Во МВР до денеска потврдени се 12 случаи на вработени позитивни на Ковид -19, 36 лица се во самоизолација, а издадени се и 14 наредби за изолација на лица, информираат од министерството.

– Изминатиов период беше извршена и дезинфекција во просториите и објектите каде е утврдено дека престојувале вработени лица за кои е потврдено дека се позитивни на тестот за коронавирус, а тоа ќе се прави и за секој нареден случај, информираат од МВР.

Оттаму соопштуваат дека, според протоколите предвидени за вакви ситуации, од страна на епидемиолози направени се интервјуа и на вработени кои биле во непосреден контакт со заболените и во соработка со нив се утврдува за кои лица се издаваат решенија за изолација и изјави за самоизолација.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека за заштита на вработените од коронавирусот се преземаат сите неопходни мерки за нивна лична заштита, со соодветна заштитна опрема, а со цел безбедно извршување на работните задачи.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари