Потврдена пресудата – три години затвор за Слободан Даневски

Од:

Апелацискиот суд во Штип ја потврди казната од три години затвор за поранешниот претседател на Управниот одбор на АД Џумајлија Слободан Даневски.

Во пресудата која денеска ја добија оштетените акционери и нивниот бранител Панче Докузов се вели дека фирмата на Даневски, кој е во бегство, но и неговиот брат, поранешниот градоначалник на Свети Николе, на државата треба да и вратат околу 11 милиони денари.

Акционерите на Џумајлија на оваа пресуда за злоупотреба на службената положба, чекале, како што изјавија, цели 12 години. Сепак, се разочарани, бидејќи во неа е изземено нивното обештетување. Најавија дека ќе продолжат да ја барат правдата на повисоките судови во земјава и во Стразбур.

– Акциониерите се оштетени и требаше да бидат обештетени лично од Слободан Даневски. Во пресудата гледам дека се опфатени боновите од министерството, брашното 970.000, потоа 960.000 денари земени пари од касата од Слободан Даневски. Што е проблемот не знам, треба да видиме со обвинителството, рече Трајче Георгиев, еден од оштетените акционери.

Бранителот на акционерите Панче Докузов е задоволен од пресудата иако забележува дека наплатата на парите тешко ќе оди зашто Зоран Даневски е во бегство. За Докузов, случајот е прав школски пример за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во штипскиот и светиниколскиот Основен суд се водат неколку дела против браќата Даневски.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје