Потребни се млади стручни кадри, дуалното образование важно за успешна економија

Од:

Дуалното образование и создавање млади квалификувани кадри според потебите на економијата е важно за економски успех и затоа треба да се вложат напори да се направи дуалното образование поатрактивно.

Важно за успехот на германската економија е даулното образование, а со поддршка на оваа земја почнува да се воведува и во нашата земја.

“Предизвиците на Македонија и на Германија се исти, младите луѓе преферираат академско образование и затоа сите треба да вложиме напори да го направиме дуалното образование.

Во денешно време има голема конкуренција во академскиот сектор, а поголема побарувачка кај практичната работа. Затоа сме благодарни што тука имаме иницијатива за практично образование во секторот на банкарство и информатичка технологија.

Германија секогаш ја дава поддршката на ова поле”, изјави заменик-амбасадорот на Германија во земјата Ото Граф на средба организирана од страна на “Академијата за банкарство и информатичка технологија” (АБИТ).

Академијата, подготвува сертифицирани кадри за работа во банкарскиот и ИТ секторот.

Оттаму, како што наведуваат, сертифицирањето во овој сектор е уредено и дека треба да се поттикне дуалното стручно образование.

Во шест градови во земјава во 15 средни училишта веќе е воведено дуалното средно образование од учебната 2018/19 година.

Министерството за образование и наука и Владата ја препознаа потребата од поврзување на потребите во економијата и образованието и пред две години почна полека сосредното стручно обраование.

Преку стручното средно образование се обезбедуваат кадри за сите гранки, порача заменик-министерката во МОН Елизабета Наумовска, која додаде дека имаме потреба од млади стручни кадри и дека државата има потреба од вакви кадри.

За потребата од практична работа, укажаа и претставниците од Комисијата за хартии од вредност, каде посочија дека овозможуваат обука и пракса преку програмата за практиканство.

Би можело да ве интересира

Мерц: Нема да дозволиме AfD да ни ја уништи земјата

Германски генерал: Светот се распаѓа по рабови – ако е во можност, Путин ќе употреби воена сила врз Европа

А1он

Харт: Берлин е против територијални компромиси во Украина

Украинците ги обучуваат германските копнени сили

Германските „Еурофајтери“ и се приклучуваат на арктичката мисија

Германската влада ги повика своите граѓани: „Итно напуштете го Иран“