ВИДЕО: Потпишани првите од вкупно 20-те договори за закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари

Од:

Во Владата на Република Северна Македонија денеска беа потпишани првите од вкупно 20-те договори за закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари. Вкупната инвестиција на сите договори е 11 милиони евра кои ќе се вложуваат во следните пет години во изградба на винарии, кланици, млинови, оранжерии и откупни центри.

– Она што е најважно е дека преку овие инвестиции во земјоделската преработувачка индустрија ќе се создадат услови за обезбедување на сигурен пласман на земјоделските производи, решавање на проблемите со вишоците, како и отворање на нови работни места, рече премиерот Зоран Заев, кој заедно со вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство Љупчо Николовски присуствуваше на потпишувањето на договорите.

Според вицепремиерот Анѓушев, во државата недостигаат преработувачки капацитети за земјоделски производи и токму затоа оваа програма е конципирана така што се доделува земјоделско земјиште, но поврзано со преработувачки капацитети.

– Точно она што фали во македонското земјоделство. Очекуваме во иднина да има што помалку продажба на сурови производи, а што повеќе производство и продажба на производи со додадена вредност во процесната индустрија на земјоделството, порача Анѓушев.

Министерот за земјоделство најави дека по завршување на претстојните избори, ќе биде распишан уште еден инвестициски оглас за кој, како што рече, уште сега има интерес.

 

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани своите истомисленици Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил во Бугарија