ВИДЕО: Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Хелсиншкиот комитет, Омбдусманот и ЛГБТИ Центарот

Од:

Хелсиншкиот комитет за човекови права, ЛГБТИ Центарот за поддршка и Народниот правобранител потпишаа меморандум за соработка со цел зајакнување на регионалните капацитети на Народниот правобранител во областа на човековите права и слободи на ЛГБТИ луѓето.

Соработката е дел од проектот за подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето во Република Македонија, поддржан од УСАИД кој започна во септември оваа година и ќе трае до март 2018 година.

– Со потпишување на овој меморандум се обврзуваме дека контунуирано ќе вложуваме напори во насока на надминување на хомофобијата и трансфобијата како и спречување и заштита од дискриминација, спречување на говор на омраза и дела на омраза, рече народниот правобранител, Иџет Мемети.

Амбасадорот на САД, Џес Бејли смета дека е неопходно да се создаде амбиент на толеранција и почит за сите луѓе подеднакво, вклучувајќи ги и ЛГБТИ луѓето, како и оние кои ги застапуваат нивните права.

– Ние мораме да ја осигураме париципацијата во општеството на оние кои традиционално биле жртви на дискриминаторски практики или полицијата. Во Македонија, народниот правобранител игра важна улога во промоција и заштита на човековите права на сите граѓани. Потпишувањето на овој Меморандум за соработка со проектот на УСАИД за Подобрување на статусот на ЛГБТИ луѓето е уште еден пример за вашата заложба за поддршка на имплементација на меѓународните стандарди за човекови права во Македонија, рече Бејли.

Според извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска, партиите кои владејат 10 години во Македонија ги имаат потиштено правата на ЛГБТИ луѓето.

Програмскиот директор на ЛГБТ центарот, Кочо Андоновски, вели дека над 50 отсто од ЛГБТ луѓето во Македонија немаат воопшто доверба во институциите на државата дека ќе ги заштитат или ќе им помогнат да ги остварат своите права.

-Ова е многу загрижувачки тренд за нас и проектот на УСАИД за подобрување на статусот на ЛГБТ луѓето е токму за овој загрижувачки тренд на зголемување на недовербата кон интитуциите.

Би можело да ве интересира

Жител од Демир Капија обвинет поради омраза кон маргинализирана група

А1он

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Владата и Државната изборна комисија сториле директна дискриминација врз лицата со попреченост при остварување на нивното право на глас

А1он

Хелсиншкиот комитет: Неодговорноста на надлежните ја минира инклузијата на децата со попреченост

Хелсиншки: Пропустите на училиштето да не се прикриваат со повторна дискриминација на Ембла

Граничниот премин Ќафасан ни го опремуваат Американците, со донација и техничка помош

Жарко Настоски