Потопло време, но и поројни дождови, грмежи и засилен ветер

Од:

Следува период на потопло време, но ќе има повремена појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најави денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

За утре УХМР најавува максимални температури од 19 до 25 степени, по што во наредните пет дена таа ќе достигне и до 32 степени. Минималните температури ќе се движат во интервалот од 5 до 17 степени.

Како што најави УХМР, денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, повремени поројни и на места проследени со грмежи. Ќе дува умерен засилен претежно северен ветер, најизразен по должина на Поварадарието.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он