Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Од:

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на денешната 4. седница без присуство на пратениците од мнозинството со пет гласа „за“, без ниту еден воздржан и против, донесе одлука за одржување Надзорна расправа на тема „Пропустите на државните органи кои придонесоа за трагедијата во Кочани на ден 16.03. 2025 година“.

На претходната седница на 6 јуни годинава на Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, не беше прифатен предлогот на Димитар Апасиев, дневниот ред на седницата да се дополни со надзорна расправа за трагедијата во Кочани. Причина за неприфаќање на овој предлог, како што посочи пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, е тоа што веќе е во тек иницијатива за расправа за трагедијата во Кочани што е поднесена до Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, но се чека да заврши истрагата и да биде објавен обвинителниот акт па потоа да се расправа на темата во Собрание.

Претседателот на комисијата Димитар Апасиев, кој е и подносител на иницијативата, наспроти процедуралните укажувања на дел од членовите на комисијата дека се крши Деловникот, повикувајќи се на член 214, став 4 од Деловникот на Собранието, ја стави на гласање Иницијативата за одржување надзорна расправа на денешната седница без претходно да биде гласано за утврдување на дневниот ред.

-Констатирам комисијата ја усвои одлуката за организирање на надзорна расправа со најмалку една третин од членовите, онака како што бара Деловникот. Ве известувам дека датумот и времето на одржување на седницата и листата на учесници дополнително ќе бидат утврдени согласно чекорите за одржување надзорни расправи, изјави Апасиев.

Пратеникот Горан Мисовски од СДСМ, процедурално реагираше дека учествувал во носењето на новиот Деловник и дека треба да се почитува, посочувајќи дека не може да се гласа за одржување на надзорна расправа, пред да се гласа за ставање на дневен ред.

-Дали правиме лоша услуга. Мораше да гласаме за дневен ред, па потоа да ги убедуваме сите 120 пратеници. Па на крајот на денот и вие како пратеници на Левица, учествувавте во носење на Деловникот. Сега правиме преседан, мораше да го изгласаме прво дневниот ред. Повторно ќе кажам, јас како пратеник ќе бидам тука и ќе гласам, но требаше сите 120 пратеници да бидат, изјави Мисовски.

Апасиев, на ова одговори дека Деловникот е многупати досега кршен, но дека сега не се крши, цитирајќи член од него, според кој „за одржување на надзорна расправа работното тело одлучува со мнозинство гласови од присутниот број членови“, а „најмалку со една третина од вкупниот број членови“, што значи пет од 15 во случајот.

-Деловникот го кршевте и кога го биравте Талат Џафери за претседател, па тој потоа фрлаше амандмани, така што, Деловникот е искршен многупати досега. Но, во случајот, јас не го кршам Деловникот и повторно ќе се повикам на посебните специјални одредни кои важат за парламентарн надзор, а кои што, ги дерогираат генералните одредби, изјави Апасиев.

Апасиев, претходно образложи дека согласно Деловникот, пратседателот на матичното работно тело е должен Иницијативата да ја стави како прва точка на дневен ред на првата наредна седница на матичното работно тело, што се одржува во рок од десет дена од денот на поднесување на иницијативата.

– Констатирам дека денеска е последниот десетти работен ден, така што, рокот е деловнички запазен. Матичното работно тело е должно да ја разгледа иницијативата и да донесе одлука по истата. Од тие причини преминуваме на расправа и разгледување по единствнета точка на дневен ред, изјави Апасиев.

Апаисев, како подносител на Иницијативата, рече дека вината за трагедијата треба да се лоцира 4-5 државни органи кои се испрелетени во своите надлежности – Државниот пазарен инспекторат, Министерството за внатрешни работи, Министерството за економија и труд, градоначалникот на Кочани, Управата за јавни приходи и самиот јавен обвинител, односно Јавното обвинителство на чело со Љупчо Коцевски…

-Како институција сметам дека е легитимно да го отвориме ова прашање, затоа што останавме должни и на родителите и на повредените и на нивните роднини и пријатели и семејства… Согласно тоа, јас како член на оваа комисија барам истата да донесе одлука за одржување на расправата, изајви Апасиев.

Пратеникот Сали Мурати, од Движењето на Турците, изјави дека како пратеничка група „Европскиот фронт“ имаат јасна порака дека не смее настраданите и нивните семејства сами да се борат по патот кон вистината, транспарентноста и одговорноста, нагласувајќи дека во рамки на Комисијата за политички систем веќе имаат втора иницијатива за одржување на надзорна расправа која е во финална фаза и во тек е покана за присутни.

-Како пратеничка група стоииме цврсто на страна на вистината, траспарентноста и одговорноста. Како одговорни пратницие ќе ја поддржиме оваа иницијатива. Не затоа што е совршена и ги решава сите проблеми, туку тоа што семејствата не може повеќе да чекаат. Ја имате нашата поддршка како пратеничка група, изјави Мурати.

Пратеничката Јованка Тренчевска, од СДСМ, рече дека како пратеничка група сметаат дека треба да се расправа по сите преземени активности од страна на органите во однос на истрагата за трагедијата во Кочани, но дека не треба да се крши Деловникот.

-Сметам дека со дневен ред требаше најпрво да гласаме за утврдување на дневен ред и да утврдиме дали има кворум, па потоа да продолжиме, инаку уште еднаш ќе повторам, како пратеничка група на СДСМ, заедно со нашите коалициони партнери сме за организирање на надзорна расправа, изјави Тренчевска.

Пратеникот Реџеп Исмаил, од Левица, рече дека важноста за одржување на надзорна расправа е и тоа што сега три месеци од трагедијата институциите се однесуваат ноншалантно кон одредени пропусти и нелегално постапување.

Амар Мециновиќ од Левица, порача дека отсуството на пратениците од мнозинството од денешната расправа нема да ја видоизмени реалноста. -Очајно е што владејачките пратеници повторно ги нема на оваа расправа, порача Мециновиќ.

Би можело да ве интересира

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Тошковски и Мицкоски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани, велат од СДСМ

Горан Наумовски

13 полицajци осомничени дека не спречиле користење на пиротехника во „Пулс“ која беше фатална за 62 лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Со доказите кои ги обезбеди МВР се докажа кој е виновен за трагедија во Кочани

Три фирми и 34 лица се обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

(ВИДЕО) Костовски: Јанев, Тошковски и Мицкоски се одговорни што нема целосна правда за трагедија во Кочани

Горан Наумовски