Не за џабе, настанала таа изрека “После свадба тапани“ кога џабе е веќе да се прави нешто откако ќе заврши главната работа и се веќе ќе биде минато.
Па добро, дали нашиов народ е до толку слеп, дементен, несвесен, што се случува па повторно ИЛУЗИОНИСТИТЕ со своите магични стапчиња па и богами лепливи рачиња сакаат целосно да ни го претворат и обојат во розово овој нереален филм кој го гледаме веќе 10 години.
Не, не можам да проголтам ние како интелектуалци да ја слушаме оваа тортура што се случува со нас, со нашата фела, со идните генерации лекари што следуваат да молчиме и да климаме со глава, а гледаме и без диоптрија како ни се сервираат популистички идеи кои не беа способни да ги направат за 10 годнии владеење. Значи “Не умри магаре до зелена трева“, сега демек им текна да искажуваат решенија дека специјализантите треба да се платени, дека веднаш ќе биле примени, дека ќе имало нови генерики…колку патетично звучи… тоа другари требаше одамна, а не сега на народецов и на нас како фела “да ни продавате пуканки“ дека еве за што ке се заложите и ке решавате…
Нема за лекови, има за споменици… алооо се слушаме ли добро ..требаше да починат многу луѓе пред вие да сватите дека треба нови генерики или полесно да кажеме, а со толкава иронија дека некој НАУЧНИК штедеше да може едно копито од коњот да се завари? Требаше ли да стасаме до таму долгот према компаниите добавувачи во здравството да отиде до невидени размери, 50 милиони евра и сега сите славини да се стегнати, со исклучок на оние кои се блиски до власта? Ќе снема и за антибиотици и за преврзочен материјал, за конци и инструментаријуми веќе е безцелно да се зборува бидејќи одамна ги нема, е дури тогаш ќе пристапиме кон “Баба Рада“ техника на лекување и здравословни препораки и дарови од природата “Бајачи без граници“.
Бомбите, писанијата, доказите за „наводни” зделки за тендери што ги организиравте не ве оддалечија и освестија да си продолжите по старо. Сите тие беа ваши и добро исплатени, а нас лекарите не оставивте без добри примања и не сведовте на ранг, сакавте, на давачи на услуга-продавачи во гранап, а не тие кои спасуваат животи. Постоеше една убава приказна се викаше МОРАЛ и таа УМРЕ… не се повлековте не се ни потрудивте или пак јалово се потрудивте да сокриете нешто и да ја засените вистината но попусто еве ја вистината излегува на виделина. Пука здравството по сите шавови , се отвараат рани, снемува се , а вие пак велите ставивме нов компјутерски томограф ваму, направивме ова ќе направиме и ова..Компјутерските томографи не се соодветно поставени, нема простории или како во старинско време да се потсетиме на Марија и Пјер Кири или на Рентген ќе ги озрачуваме и кадрите и населението околу апаратурата ?? ЖАЛОСНО.
Во врска со новите кадри одамна требаше да се направи стратегија и да се продуцираат тие нови кадри каде за неколку години ние ќе имаме невидена дупка ,тие медицински дисциплини ни се есенцијално битни но дури се правеа партиски математики некој требаше веќе да носи решенија за тој видлив и очекуван дефицит. Тука на крајот народот ќе има мака пациентите кои ќе ги бараат тие услуги, а ние не ќе сме во можност тоа да го регулираме. А причината се знае каде е и од каде дојде. Не бевме прашани за никаков совет и сугеренција туку некој НАУЧНИЦИ мислеа дека се знаат. Се гледа и од минатото каде што биле што направиле, па и дојдоа и тука да го докусурат и овој сегмент и тоа што од него останало.
Болно е да се гледа со што овој народ се труе, какви политички реклами се даваат на телевизиите, а ние како стручни во тој дел како лекари , психијатри , психолози и се што сме учеле го гледаме. Рекламите што ги прават служат како нешто кое го разорува ова трошно општество , како да раскажуваат за воени злосторници , како да повикуваат на линч, дали сме свесни какви умови тоа го произведуваат и ние пак повторно немо го следиме тоа. Почитувани, ако знаеме тоа и децата го гледаат и следат и што очекувате какви наши наследници со ваков вид на пропагандни реклами се создаваат ? Па место научни емисии за да можеме нешто да осознаеме и ние и нашите деца ние сме затруени со политички реклами од типот на ЗОНА СУМРАКА и ПРИКАЗНИТЕ ЗА АЛ КАПОНЕ. МИЗЕРНО. Кој ли ќе ни помогне во овоа ако не ние самите ако се продолжи со ова само Господ нека ни е напомош и онака видовме дека се досега што се направи каков резултат даде “ни се потроши здравството, сега се трудат и иднината да ни ја потрошат .
Сакаме општеството да го сочуваме и како лекарска фела да помогнеме за иднината на нашиот народ, нашите семејства и здрави да дочекаме свадбата да е со зурли и тапани и не сакаме да доживееме да испадне народната “После свадба тапани“.
Др. Ангелчо Андоновски