Помина или поминаа 365 дена од календарската година, година која беше најавувана уште пред неколку години како година за некакво си ново Скопје – Скопје 2014-та. Напорно се работеше за тоа Скопје, Скопје кое ни тие што го форсираа да се гради не го препознаваат, а верувам дека не биле родени Скопјани па да се сеќаваат и на тоа што го уништија. Година на градот Скопје, Скопје 2014-та, проект кој и тоа како ги збогати сите инволвирани учесници на тоа фамозно Скопје. Ние ќе го паметиме старото Скопје што ни го одземаа, а тие ќе го паметат она Скопје што им ги наполни џебовите со шумот на парите и за да циркузот биде поголем на тоа нивно имагинарно Скопје му нема крај.
2014-та година ќе ја паметиме како година во која сиромаштијата го достигна својот максимум, се искачи на врвот, нешто како спортистот или уметникот кога го достигнува својот врв но во позитивна конотација, а кај нас драги пријатели се случи обратното, ако не се сложувате со мене додека го читате текстов ставете си ги рацете во своите џебови и пребројте колку денари ќе извадите, не е од едниот, од двата џеба.
Сепак не би се навраќал на почетоците на 2014-та година, старите не учеа дека крајот го краси делото, а крајот и тоа како беше турболентен, за мене интересен, крај кој некако ми ја врати вербата во својот народ, поготово тој млад народ, не оној што се вози без пари во автобуси и секоја година му ја качуваат пензијата за цели 200 денари – замислите дури 200 денари и гласот негов е веќе на избирачката кутија пред време заокружен, а како да не биде, додека јас пишувам, тие гласачи со по 70 години сега се некаде на скијање субвенционирани од државата, но ете заслужиле, биле лојални на пастирот. Додека тие сега некаде ,,скијаат,, борците од НОБ беа исфрлени од своите простории, борците од НОБ замислете.
Година во која министер за одбрана беше поставен поранешен командант на паравоената единица УЧК, функција на која секој нормален политичар или што малку си ја сака државата ќе стави професионалец кој целата своја кариера ја вложил во таа професија, а не некој кој дошол да и наштети на државата, но како викаат- фотељата е послатка и од фамилијата. Иронично е тие што ја нападнаа Македонија во 2001-та под амблемот на УЧК да бидат наградени лично од премиерот со ни помалку ни повеќе минстерската фотеља при министерството за одбрана и да се нарекуваат патриоти, а додека тој што ја бранеше РМ од тие личности истиотм тој премиер го затвори во засега своите затвори.
Година на апсења, закани, тужби од пола милион евра, година на задолжување на државата по неколку милиони евра дневно, година прекрасна и плодна за власта а тешка за опозицијата. Година која власта си ја преспа сама во собраниската сала правејќи си некој си монолог сама со себе или тапкајќи по социјалните мрежи на своите скапи смарт телефони.
2014-та година беше плодна година и за некој си тв водители конкретно водители на провладините тв вести кој преку ноќ заработија милионски суми и сега ги снема, се надеваме дека им се доволни тие милиони и повеќе на малите екрани нема да ги видиме. Година на станови од по пола милион евра на деца со бугарски пасоши, бугарски државјани родени во Македонија кој парите ги носат во Бугарија, а од Македонија ги земаат благодарејќи на пратеничките мандати од ДПМНЕ. Верувам дека веќе се и вселени во тие станови ако не се им посакувам оваа година што поскоро да се вселат, па нели ново си е ново.
Сепак 2014-та беше плодна година за партиите на власт и се беше така навидум чисто и јасно дека така и ќе остане, но сепак не може се да остане како што било. Кај власта од година на година станува се побогато, богаството се зголемува, а за возврат на нас обичните граѓани ни се намалуваат и оние резерви или кредити што сме ги подигнале за да преживееме. Децата што беа мали пред 9 години сега пораснаа и сфатија дека на овој диктароско себичен режим ќе му нема крај ако се продолжи со молкот.
Ова мало парче земја го водат министри кој сите заедно немаат објавено научни трудови колку што има самиот Љубомир Фрчкоски и тие луѓе на чело со сегашниот министер за образование, исто така член на УЧК благодарејќи на патриотското ДПМНЕ ќе воведуваат државен испит. Секој може да те прави будала но ако му дозволиш или ако за возврат ти даде нешто, односно те купи, но овие млади луѓе не можете да ги купите зошто тие се интелегетни, тие сакаат подобро иднина за себе и своите колеги, тие се иднината, а вие минатото, нив не ги интересираат вашите интереси и его трипер комбинации покажувајќи сила и моќ врз студенти, за возврат на нивниот глас вие ќе ги наградите со гумени куршуми, водени топови и електрошокови, кој и тоа како сум сигурен дека ви се поклон дадени од вашиот пријател и премиер на Турција.
Ние ќе ја паметиме 2014-та како година која ќе не внесе во 2015-та победни и посиромашни со што и хонорарците ќе плаќаат данок, ви завидувам на дрскоста секоја чест, а вие ќе ја паметите како година со добра заработувачка. Тоа не би било така кога и вие самите што ја водите оваа држава во неповрат, не би верувале во се ова што го правите, но за жал вие и те како верувате.
Сепак да не се разбудија студентите вие ќе продолжевте без никој збор да каже, но за среќа совеста и храброста се разбуди кај овие млади луѓе. Тоа што опозицијата не можеше да го направи, овие млади луѓе храборо и одлучно го направија, тие се моите херои за 2014-та година. Премногу зборови испишани од стана на некој активисти, а премалку дела направени, тоа беше плодот во сиве овие години на активисти кој и ден денес сметаат и ќе сметаат дека придонеле за промените во оваа држава. Пријатели и од опозицијата и позицијата овие млади деца пред 9 години имале 10 години, а сега се гласни и одлучни, пораснаа, може таа е, таа генерација што Македонија ќе ја спаси од тотален колапс, а на нас гласните критичари кои критикувавме и кога стравот беше на високо алрамтно ниво ни останува да бидеме сложни и да не се гледаме како противници сепак за иста цел се бориме и ист сон сонуваме, да ја видиме Македонија демократски слободна и независна од некакво си судтсво, медиуми или одредени ликови.
И стравот се исплаши од гласот на младиот човек, народот проговори, излезе и кажа НЕ. Секој слободен човек неможе да биде богат, слободата е најголемото богаство. Ви посакувам среќна, весела, здрава, успешна и бериќетна нова година.
Даниел Пауновски