Неколку реторички прашања и еден заклучок:
Дали странските служби потрошија милијарди евра народни пари за купишта гипс, стиропор и пластика?
Дали странските служби се обидоа да сменат еден цел културен и историски идентитет на еден народ со лавови, воини, мечеви, ножеви, ќосиња?
Дали странските служби организираа тепање на студенти и убија дете на плоштад?
Дали странските служби продаваа планини, езера, спортски сали, млекари, терени за ич пари на странци со сомнително потекло?
Дали странските служби ги затворија А1, А2, Време, Шпиц, Глобус, Кежо, Велија, Љубе, Шиповиќ, др. Ставриќ…?
Дали странските служби во време на финансиски колапс, фрлаа милиони евра за благо-ретардирани ПР кампањи?
Дали странските служби ги носеа гласачите од Пустец и им штанцаа лични карти?
Дали странските служби незнаејќи зошто всушност се таму, кршеа прозори, бараки и огради во општина Центар?
Дали странските служби го поделија народов по сите дијагонали?
Дали странските служби ги извадија на клоци новинарите и пратениците на 24-ти декември, грубо газејќи по Уставот на Р.М.?
Дали странските служби трошеа 25.000 евра од Струмица до Скопје?
Дали странските служби изнесоа милијарди евра, државни, наши пари во Белизе, Кипар, Девствени Острови итн.?
Дали странските служби иселија 200.000 македонци низ светов, во потрага по подобар живот?
Дали странските служби се виновни што глумци, пеачи, професори, интелектуалци, истоштени, со наведнати глави “ја бранат Македонија“?
Дали странските служби го девалвираа секој атом на човечност и на достоинство што овој народ го имаше?
Странските служби, поштован публикуме, се последната фатаморгана на зајдисонцето на една лоша децениска приказна од нашето секојдневие.
Полека, но сигурно, се раѓа првиот крак на новото сонце на слободата!
#TikTakTikTak
Емил Лазаревски