Посебен сообраќаен режим по повод Денот на независноста

Од:

По повод Денот на независноста, 8-ми Септември и закажаната манифестација што ќе се одржи на националната арена „Филип Втори“ вечер со почеток во 20 часот, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Скопје дека ќе бидат преземени посебни сообраќајни мерки со цел непречено одвивање на предвидената манифестација.

МВР информира дека од 10 часот сообраќајот од крстосницата на улиците „Ленинова“ и „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ ќе биде воведен ограничен пристап на сообраќај на сообраќајниците кон националната арена, односно ќе се пропуштаат само возила за дотур на стока и возила за потребите на организаторите на манифестацијата.

Од 12 часот ќе биде задолжително дислоцирањето на сите автомобили паркирани на сообраќајниците во непосредна близина на арената „Филип Втори“.

Непосредно пред почетокот на манифестацијата, поточно од 18:30 часот на булеварот „Илинденска“ ќе се ограничи пристапот, односно ќе бидат затворени за сообраќај улиците кои од овој булевар водат кон националната арена.

МВР апелира до граѓаните да се испочитува предвидениот сообраќаен режим со цел настанот да помине во најдобар ред.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска