Портпаролот на СПЦ Иринеј демантира дека МПЦ била спомната на прославата во Ниш

Од:

Портпаролот на Српската православна црква епископот бачки Иринеј денеска демантира дека на прославата на 1700 години од Миланскиот едикт во Ниш, Македонската православна црква била директно спомната и квалификувана како нехристијанска и парацрковна организација.

Епископот Иринеј на заедничката прес-конференција во Белград со митрополитот на Вселенската патријаршија Емауил негира и дека при преводот го фалсификувал говорот на вселенскиот патријарх Вартоломеј и додавал квалификации на сметка а МПЦ.

– Вселенскиот патријарх зборуваше дека во нашето православно црковно подрачје се појавуваат расколи, кој се препознава во тоа е негова работа, но воопшто не е кажано дека се нехристијани или слично. Ние сите, почнувајќи од вселенскиот патријарх гаиме искрена и братска љубов кон сите, вклучувајќи ги и нив, бидејќи тие се наши браќа и сестри и се трудиме таа рана да ја залечиме што побрзо, рече Иринеј. Тоа, според него, не е можно „на пучистички начин, туку само на евангелски и канонски средства“.

Митрополитот Емауил, пак, го прочита делот од говорот на вселенскиот патријарх Вартоломеј од прославата во кој се наведува дека „архиепископот Јован се прогонува бидејќи го почитува канонскиот поредок и ја признава својата духовна припадност кон СПЦ“. Емауил рече дека се надева оти браќата (МПЦ) ќе ја прифатат оваа порака на Вартоломеј.

Би можело да ве интересира

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски