Пороен дожд во Куманово, екипите на јавните претпријатија на терен

Од:

Екипите на надлежните јавни претпријатија „Водовод“ и „Чистота и Зеленило“ Куманово попладнево, по обилниот дожд кој го зафати градот, излегоа на терен и ги отворија шахтите на атмосферската мрежа на неколку улици и булевари во Куманово.

На терен е и градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, кој информираше дека веднаш се ангажирани екипи на претпријатијата.

– Количината на вода е огромна и шахтите се отвараат. Овие проблеми Куманово ги има со децении назназад, особено на улицата „Доне Божинов“ и булеварот „Октомвриска револуција“. Нема пријавено значителни штети или поплави, изјави Димитриевски.

Куманово од вчера попладне, во неколку наврати беше зафатен со поројни дождови и ситен град. Водата се се слева по улиците поради конфигурацијата на теренот како што е случајот со улицата „Доне Божинов“ која ја поврзува населбата „Карпош“ со центарот на градот, но и булеварот „Октомвриска револуција“ една од најниските точки на Куманово.

Атмосферската мрежа во градот постепено се обновува последниве два месеци, особено во оние делови од Куманово каде што е поставена пред неколку децении.

Би можело да ве интересира

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Утре повторно силен ветер и нестабилно време со пороен дожд

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници