Поречани блокираа накај Драчево, бараат конечно да се пушти пат од Македонски Брод до Скопје

Од:

Жителите од Поречкиот регион денеска организираа протест изразувајќи незадоволство од повеќедецениското нерешавање на прашањето за изградба на регионален пат меѓу општината Македонски Брод и Скопје.

Тие го блокираа булеварот „Борис Трајковски“, во насока на Драчево и регионалниот пат 1106 во правец на селото Батинци кон шумскиот резерват „Јасен“, како и улицата „Маршал Тито“ во Македонски Брод.

Организатор на протестот беше здружението на граѓани „Поречки средби“, а протестот се одржа согласно донесената одлука на граѓанските здруженија од поречкиот регион и повеќе совети на месните заедници во рамки на општината.

Претседателот на здружението, Горан Ѓуроски истакна дека во повеќе наврати биле доставени дописи до Министерството за транспорт и врски, Владата и до Јавното претпријатие за државни патишта, но оти ништо не е направено.

-Од Скопје до Самоков и многу околни села сè уште се доаѓа само низ резерватот „Јасен“ и тоа само во три термини во лето и два во зима. Траса долга 16,5 километри се вози по необезбеден пат широк само 2,5 метри. Доколку се задоцни за овие термини, тогаш треба да се возат околу 200 километри преку Кичево до Скопје. Ова е вистинска голгота и за оние 800 жители кои секојдневно одат на работа во Скопје, но и за сите жители на овој регион. Во овој крај гравитираат 45 села и шест викенд-населби, вели Ѓуроски.

Жителите најавија дека доколку не се прифати нивното барање, ќе опстојат на претходно донесената одлука за бојкот на претстојните локални избори закажани за октомври оваа година, со што ќе го изразат револтот кон Владата и институциите.

Би можело да ве интересира

Маж од Македонски Брод e приведен поради пожарот во Брезница

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски

Протест на македонските транспортери: „Вака повеќе не може“, бараат решение од ЕУ

Горан Наумовски