Поранешните вработени во МПМ си ги бараат платите и го обвинуваат раководството за алчност

Од:

Поранешните вработени во „Медиа принт“, преку отворено писмо до јавноста се обратија до раководството на фирмата во ликвидација“, барајќи си ги своите плати.

– Ние, поранешните вработени во пропаднатата фирма во ликвидација „Медиа принт“ и на ограбената медиумска компанија со матен статус „Медиа принт Македонија“ ги прашуваме Срѓан Керим и Јана Станисављева каде се нашите пари?, се наведува во писмото.

– Дали Керим неколку месеци по уништувањето и згаснувањето на дневните весници „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“, неделникот „Теа Модерна“ и веб-порталот „Телеграф“ не чувствува трошка срам што 400 луѓе заради него останаа без работа, па се појавува пред народ во Штип за да говори за значењето на претседателот Киро Глигоров? Заборава ли на неговото лично негативно значење и заборава ли дека треба прво да се раздолжи ако мисли да се факторизира во јавноста? Си помислува ли дека историјата ќе го запише како лик кој сакаше да управува со светот преку лидерство во ООН, а само успеа да стане гробар на најквалитетните весници во Македонија?, прашуваат поранешните вработени во МПМ.

– За нас тој е обичен измамник и лицемер кој уживаше да повторува како главна водилка во работата му се нашите деца, за чии родители неговата компанија обезбедува стабилност и плата, а всушност излезе дека го водела само алчноста за лично богатење. Дегутантно ни е да го гледаме како говори во јавноста додека неговите акти резултираа со лични трагедии меѓу вработените. Тој прво треба да каже каде се весниците и каде се нашите пари пред да зборува што било друго, наведуваат поранешните вработени.

Тие исто така ја прашуваат и Станисављева дали мирно спие откако со платата од 25.000 евра месечно си обезбеди егзистенција за неколку децении, а вработените останаа на улица и без леб?

– Се чувствува ли за успешна менаџерка откако профитабилната компанија пропадна под нејзин потпис? Трча ли пак со километри од стрес, како што сакаше да лаже? Или во „животот после МПМ“ не мора да намалува плати додека дава донации од 300.000 евра на партијата на власт, не мора да става обезбедување да ја чува од доверители на кои им должи пари и не мора се заканува со пикадо на вработените што се интересираат кога ќе земат плата? Уште ли прашува наоколу „знаете ли која сум јас“ или си молчи откако „се прослави“ со згаснати пет медиуми?, наведуваат тие во писмото.

– Ние само ги бараме нашите плати и ќе продолжиме да ги прашуваме двајцава бизнисмени, исто како и најбогатиот Балканец Камчев кој ем делел по 25.000 евра месечно ем должи ситни плати, исто како и директорот на несреќната МП, Александар Динев – каде се парите?. наведуваат поранешните новинари и вработени од МПМ и МП.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време