Средношколците оставете ги на мир

Од:

Дека е излитена фразата „за браство и спокојство“ е излитена и ја изгуби смислата, поради икс политички влијанија во последниве 10 години.

Но, ние сме тука да создадеме ново мото, што ќе ги води младите, низ овие драстично тешки времиња. Времиња на економски кризи и буџетни дефици и дисбаланси.

Време на солидно спроведена акција против убијците на 5-те Македонци, со мала корекција во делот на тоа дека не треба развиен маж припадник на „Алфи„ да приведува и

осомничени Албанки, што е најстрашно жени со традиција. Нели законски тоа е прекршок. Но да не полемеризираме да не влагаме во дебати тешки. Како член на „Стоп за

полициска бруталност“ испраќам едно „честито до МВР“.

Ние група на средношколци од Марија Кири Склодовска решивме, да пенетрираме низ Скопските улици, да биде гласни и јасни и отпорни на секаков, контраудар што би значел

нарушување, на етничките односи. ДА СЕ ЗАЛАГАМЕ ЗА ДЕПАРТИЗАЦИЈА НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ И ГРАДОТ. Од аспект на средношколци, сметам дека заслужуваме општествено

внимание,бидејќи сме категорија на ранливи и лесно имплуснивни луѓе. Не можеме да се таргетираме меѓусебно за се едно нешто, во ова општество што ќе се случи, како

проблем од страна инициран.

Се надеваме ние, млада група на луѓе 15 и 16-годишни, без ниту една „политичка боја“ во разумот дека скопјани и Македонците, дознаа дека има разлика, меѓу радикалниот ислам и муслиманството. Се надеваме дека научивме, за тероризмот.

МЕЃУ НАС НЕМА РАДИКАЛИСТИ, ТИЕ ЗА НАС СЕ ОПАСНИ ЛУЃЕ, И МУСЛИМАНИТЕ БЕГААТ И ХРИСТИЈАНИТЕ ОД НИВ НО НЕМА ПОВЕЌЕ ПРОСТОР ЗА БЕГАЊЕ СО НИВ ЌЕ СЕ БОРИМЕ СО ДИПЛОМАТИЈА И

ФАКТИ КАКО ВИСТИНСКИ ОБРАЗОВАНИ СРЕДНОШКОЛЦИ. Значи, може да се каже дека сме „Македонски девици“ во поглед на тоа, колку политиката пенетрирала во нас, нели

разбирливо по текстов 0%. Средношколците, ќе бидат едни посложни луѓе, само кога ќе ги дознаат примерите за соживот и мир и толеранции од соседните градови и држави.

Ајде да не бидам, апстрактен но повторно ќе ја земам за пример Америка односно САД. Тие се соочувале со истиот проблем што ние овде го имаме, пред безмалку 20-30

години. Единствена, ама единствена разлика е тоа што кај нив, како обединета држава се јави проблем на расна основа.

Стравуваа луѓето од, поделба на големата држава, за среќа се појави Мартин Лутер Кинг, тој ги обедини двете раси, со говор кој започнал со следнава фраза: ЈАС ИМАМ СОН

! Што значи дека исто и ние мала група на луѓе од 6-7 деца, го имаме истиот сон на Мартин Кинг. Тој има изјавено дека „Проблемите што се случуваат некаде,можат да

бидат проблем секаде“. Земете го за пример масакрот, луѓето биле обучувани во кампови на АЛКАЕДА, а ние мислевме дека тоа е далеку од нас.

За да имаме мир, прво треба за истиот да сонуваме. Иако мирот, како што гледате не е само сон. Помалите градови во Република Македонија, немаат кого да земат за пример,со оглед на тоа дека целиот или поголем дел од капиталот на нашава држава се слева во овој град Скопје.

Немаат кого да го, земат како пример за мир. Ние затрупани, загушени и опколени од планини, затапевме како Скопско општество. Ние сме тука да го повратиме тоа, ниво на

свест кај средношколците.

Јас сум еден од ретките Македонци и средношколци во моето училиште кој се залага за ДЕПАРТИЗАЦИЈА на образованието, и пред се СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА во Македонија

како и надвор, од нејзините граници. Со оглед овдешните приложени, ставови добредојден сум во сите класни, заедници како гостин од сите националности.

Но само Македонците, се јавија со негодувања. Зошто е тоа така? Бидејќи младешкиот ум, долго време е во машина, на икс луѓе и се пере како тоа утре требало да има

војна. Извинете да ве прашам, вие ооо …вие политички структури, како ќе има војна кога во Скопје и општо државата новите луксузни згради во кој плаќаме по 1500 евра

за метар квадратен, немаат ни подруми, ни визби ни скривници ни места за живеење во случај на војна и преживување. Како ќе има војна, кога тоаќе се смета за „братоубиство“.

Како, со кој памет ?! Кога ни едната, ни другата страна како народ како граѓани како средношколци не се спремни, за воен АКТ. Зашто упорно се пере младешкиот памет,

дека силите на Косово односно, Армијата за ослободување на Косово УЧК дека повторно ќе заземат замав на овие простори?

Хакерите, убиствата, тепачките, автобусите? ,Луѓето, народот, политичарите рекле вака, така или онака?!?!?!?! До кога во една вечна мрачна долина ќе тонеме, во

политички води?

Тие што изјавуваат дека сме виртуелни, дека не постоиме , дека треба да се тргнеме од Скопско „Кале“, дека на 2 дела Скопје ќе се дели преку Вардар, дека Македонија

„ќе создаде европски систем на соработка на 3 страни македонски дел, етнички мешан дел и етнички албански дел“ СЕ САМО ОДРЕДЕНИ ИЗЈАВИ, на луѓе кој очајно сакаат

гласови и поени и да бидат сеприсутни во јавноста.

КОЛКУ од Албанците се сложиле со таквите, изјави ?! Многу мал, и не значаен процент. Зашто Македонците, сами си копаме гроб, тонејќи во незнаење и трпејќи секаква

цензура?!

Зашто средношколците, се злоупотребени на протест пред владата, кој требало да биде мирен, а одредени дојденици од одредени планински места ги нападнале полициските

службеници етикетирајќи ги како Албанци и дека за нив, треба ќотек.Зашто упорно тонеме, како генерација во безсознание? Зашто не ни дозволите, да се

истакнеме и да покажеме дека сме единствени со мулти-етнички совршен систем на соживот на балканов и пошироко.

Дали знаете колку Македонци,се залагаат и чуваат и стојат позади муслиманската, религија и дури се трудат нејзино зачувување? Дали знаете за Дебарските Албански

веселби со истакнување на Македонски знамиња, во рацете на млади моми Албанки?

Зашто се притајува одземањето на џамии на ИВЗ од страна на радикалисти? Како ќе се чуствувате ако утре го убијат, (не дај Боже) Господин Господин Стефан и му ја

одземат црквата? Дали знаете колку Албанци во Тетово и Гостивар, редовно влегуваат и помош нудат при, реставрирање зачувување и помагање во свештенските, и црковните

работи? Дали знаете зашто, не сме запознаени пошироко како јавност, со вакви настани ?!

Јас Теодор Петковски ќе ви кажам зашто.Затоа што најголема казна, за сторителите на петкратното убиство, ќе биде мирот и стабилноста во Македонија. Не сме запознаени

со примерите, на соживот низ селата бидејќи некој УПОРНО, сака да е така.

Зашто ние го дозволуваме тоа ? Зашто се пере нашиот мозок, со лаги и невистини од политички и верски и секаков аспект? Зашто упорно заглавуваме, на некој ниски и

незначајни дебати? Нема да навлегувам,дали фреските се самочистеле или не, доколку било така зашто од МПЦ не не почестиле едно јајце и свеќа на нивна сметка? Нема да

навлегуваме во такви тензии, и монтирани процеси, за создавање конфузија и збунетост кај граѓаните на Македонија.

Џамиите и црквите што секојдневно се мета на вандали, за жал дојденици од места оставени „на забот на времето“ растени со, погрешна идеологија и пумпање на нивните

мозоци, од страна на нивните училишни професори, домашните дека треба да се палат верски објекти и да се скандира : Господе помогни ми, да запалам џамија. И одвратни

валкани,и безмислени глупости искажани со револт, спрема погрешни луѓе и на погрешен начин. Затоа што црквите што ги палат нивните, дедовци ги граделе.

А тие тоа не го знаат, го прават тоа за пари, бидејќи се работи за СРЕДНОШКОЛЦИ.

Бидејќи српските влијанија, и пропаганди што ни доаѓаат некој УПОРНО ни ги сервира на тацна, бидејќи одредени држави си лечат комплекси врз младатa и кревка нација.

Средношколците. Оставете ги на мир. Заедно за мир.

Baskë për paqe.

Теодор Петковски.

 

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска