А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Поради снежни наноси трет ден отсечени 250 жители од две села во Ранковце

by А1он28/02/2018 - 12:31103
Share0

Високата снежна покривка од околу 60-тина сантиметри и големите наноси на регионалниот патен правец Ранковце-село Герман веќе четврти ден ги отсече жителите на селата Герман и Криви Камен од сообраќајна комуникација со општината.

Добивај вести на вибер

Градоначалникот на Ранковце, Ивица Тошевски, информира дека учениците од подрачното училиште „Христијан Тодоровски-Карпош” четврти ден не посетуваат настава.

– Наставата во училиштето во Герман е во застој четврти ден, наставниците не можат да отпатуваат до таму, а иако јас инсистирав изминатите денови ЈП Македонија се уште не го има пробиено патот. Засегнати се жителите на село Пклиште, Станче, Криви Камен и Нерав, иако до Пклиште е излезено возило на Македонија пат, но не и до Герман, рече Тошевски.

Апелира да се активираат екипите за расчистување за да се овозможи нормално функционирање на жителите на реонот.

Градоначалникот информираше и дека се расчистени и проодни локалните патни правци за чие одржување е задолжена општината, а за зимско одржување е задолжено Јавното претпријатие „Чист ден” од општината.

– Македонија пат за денеска најави расчистување на патот до село Герман, и тоа со специјално возило за отстранување снег-унимол. Ќе се чисти и патниот правец до Калин Камен, што го поврзува со село Бс, како и патот што води кон село Борово. Дренак останува отсечено и патот е подолго време непрооден, информира Зоки Павловски, раководител на ПЕ на ДЗС,Крива Паланка.

vreme

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он21/10/2024 - 07:5521/10/2024 - 09:51

Почнува летното сметање на времето

Предраг Петровиќ30/03/2024 - 07:52

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он19/01/2024 - 19:4919/01/2024 - 19:51

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он12/01/2024 - 07:5012/01/2024 - 08:16

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он07/01/2024 - 08:45

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски16/06/2023 - 07:1916/06/2023 - 15:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто