Поради службена тајна на сведок од УБК, јавноста исклучена од судењето за случајот „Трезор“

Од:

На барање на СЈО, поради чување службена и деловна тајна, судот ја исклучи јавноста за сведочењето на Александра Николоска од УБК во предметот „Трезор“. Таа работела и се уште работи во УБК, на местото самостоен инженер.

На денешното рочиште треба да сведочи уште еден сведок предложен од Обвинителството.

Горан Грујевски, Сашо Мијалков, Небојша Стајковиќ, Тони Јакимовски во „Трезор“ се обвинети за незаконско прибавување 820 илјади евра преку набавка на електронска комуникациска опрема од фирма од Велика Британија.

Парите од МВР, односно од државниот буџет, биле упчатени на сметката на фирмата „Финзи“, чиј што сопственик, Коста Крпач, беше најден застрелан уште во април 2016 година.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Шврговски: Судот донесе законита и правична одлука за „Трезор“

Горан Наумовски

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Се менува кривичното дело за ,,Трезор”, Мијалков добива послабо обвинение

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски