Изменет режим на сообраќајот е најавен за утре од 13.30 часот на улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Крсте Мисирков“ и булеварот „Гоце Делчев“.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека посебниот режим на сообраќај е заради најавениот протест утре со почеток од 13.30 часот, за случајот монструм, а кој ќе започне од паркот во Чаир и ќе продолжи кон Владата на Република Северна Македонија.
Министерството испраќа апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.