Поради магла намалена видливоста на неколку патни правци низ Македонија

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот, соопштија од Авто мото-сојузот на Македонија.

Од АМСМ додаваат дека поради појава на магла намалена е видливоста кај Страцин до 50 метри, додека од 50 до 100 метри е намалена видливоста на патниот правец Велес–Скопје на Кула.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, велат од АМСМ и додаваат дека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Би можело да ве интересира

Посебен сообраќаен режим на неколку улици во Центар, Аеродром и Ѓорче Петров за Водици

А1он

Магла на патот Тетово – Попова Шапка

Горан Наумовски

Слаби врнежи од снег на Попова Шапка, магла кај Страцин

Магла во Крушево: Намалена видливоста на патиштата

А1он

Намалена видливост поради магла на патните правци Скопје – Петровец, по Повардарието и од Струмица кон граничниот премин Ново Село

Магла во Повардарието