Поради изолација на судијата Огнен Ставрев, денешното рочиште за случајо „Топлик” се одложи.
Во „Топлик“ обвинети се шест лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за продажбата на градежна парцела за изградба на населбата Сончев Град во скопско Сопиште.
Обвинението го застапува обвинителот Бурим Рустеми.