(ВИДЕО) Поповска: Во институциите има заинтересирани за бизнисот со отпад

Од:

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, која е една од иницијаторите на законот за забрана за увоз на отпад, рече дека образложението зошто вчера законот бил прескокнат е тоа што требало дополнителна консултација со институциите, затоа што земјава е потписник на Базелската конвенција која земјите што извезуваат имале обврска и да увезуваат отпад.

Поповска рече дека ова не е логично оправдување, затоа што државата не членка на ЕУ и дека како држава треба да има своја стратегија за ова прашање.

„Ние како држава треба да се водиме од сопствените интереси, а првичен приоритет треба да ни бидат здрави граѓани. Сакам да порачам дека во моментот кога имаме високо загадување, не треба да има никакви калкулации, односно на прво место да има профит. Мислам дека институциите има луѓе кои што се заинтересирани за учество во овој бизнис и други инволвирани институции треба да истражат што се случува”, изјави Поповска.

Поповска додава дека увозот на отпадот не се врши контролирано. Нема акредитирана лабораторија која би вршела анализа што се увезува вели таа, затоа додава дека е потребна ревизија на целиот систем.

Законот за управување со отпад, ниту денеска не е на агендата за расправа и според Попвска законот идната недела треба да се најде на собраниска седница. Очекува, дека законот ќе се донесе, зошто со негово кочење, како што рече профитот ќе биде ставен пред интересот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

Орце Костов

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси