(ВИДЕО) Поповска: Очекувам ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да не нè игнорираат и да дојдат на јавната дебата за една изборна единица

Од:

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, рече дека јавната расправа на 25 декември за измените на Изборниот законик за една изборна единица е шанса за ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да дојдат на дебата, да ги соочат аргументите и да покажат политичка волја за поддршка на законите.

Таа додаде дека очекува од двете партии, иако имале неуспешни преговори и биле изигнорирани, овој пат да бидат доблесни и да дојдат на соочување на аргументите.

„Свесни сме дека се работи за блокада и не го очекувавме ова. Непријатно сме изненадени за ваквата блокада која не е на наша штета туку на штета на граѓаните. Ние сме ветиле на граѓаните и стоиме на ставот дека измените на изборниот законик треба да бидат донесени. Затоа додека се преведуваат амандманите еве можност колегите од двете поголеми политички партии да дојдат на дебата и аргументирано да ги надминеме недоразбирањата. Ова не е обврска политичка, туку кон граѓаните, затоа што тие бараа наместо шест да има една изборна единица и сметам дека колегите пратеници треба да го имаат тоа предвид“, рече Поповска.

Пратеникот Самка Ибраимовски, еден од 17 пратеници кои застанаа зад иницијативата за една изборна единица, порача ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ги повлечат амандманите и директно да се оди на расправа за измените.

„Се вели дека ако се сака сè се може. Но очигледно овде не постои желба кај двете партии. Ние сме 15 проценти од вкупниот број пратеници и нашето барање е легитимно. Затоа бараме да најдат начин и да ги повлечат амандманите“, рече Ибраимовски.

Законите за една изборна единица и отворени листи се закочени во собраниска процедура откако ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ поднесоа повеќе од 6.000 амандмани. Комисијата за политички систем не ја започна расправата бидејќи најголем дел од амандманите не се преведени од албански на македонски јазик. Додека се создадат услови за амандманска расправа, во меѓувреме ќе следи јавна расправа на 25 декември која ја организираат 17 пратеници иницијатори на законите и очекуваат да се најде консензуално решение да се донесат законите пред изборите.

Би можело да ве интересира

Во Финска три потписи, во Македонија 2003 за независни листи: Невладините реагираат на измените на Изборниот законик

Орце Костов

СДСМ и ДУИ уште лани разговарале за предизборна коалиција, договор уште нема

Рекламирањето на партиите за избори да не биде веќе на товар на државата предлага работната група за измени на Изборниот законик

Мицкоски: Подготвени сме да ги прифатиме датумите кои ќе ги понуди владата на ДУИ и СДСМ за прв круг претседателски и вториот заедно со парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Трајанов: Итно да се усвојат измените на Изборниот законик за една изборна единица

Стејт Департмент: Корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Северна Македонија