Попоски побара поддршка од Оланд за отпочнување преговори со ЕУ

Од:

Република Македонија очекува поддршка и од Франција за отпочнување на преговорите за членство во Европската унија, рекол министерот за надворешни работи Никола Попоски, на денешната неформална средба со претседателот на Француската Република, Франсоа Оланд на маргините на 14. Самит на Франкофонијата што се одржува во Киншаса, Демократска Република Конго.

Во разговорите Попоски нагласи дека, тоа, впрочем, неодамна, по четврти пат, го препорача и Европската комисија, потврдувајќи ја подготвеноста на Македонија за преминување во следната фаза од процесот на интеграција кон ЕУ, објави МНР.

Шефот на дипломатијата  имаше неформални средби и со премиерите на Луксембург, Либан и на Монако, со заменик-премиерот на Белгија, како и со министрите за надворешни работи на Ерменија, Лаос, Сенегал, Екваторијална Гвинеја, Валонија и Квебек.

Главниот акцент на средбите, како што се наведува, беа глобалните предизвици во контекст на економскиот развој и регионалните интеграции. Воедно, беше истакнато дека глобалното поврзување има позитивна улога и придонес во услови на економска криза и предизвици поврзани со климатските промени.

Во своето обраќање, пак, министерот Попоски ја нагласи поддршката што Македонија ја дава на Франкофонијата, како организација чии цели се глобални и се насочени кон поддршка на вредностите на демократијата и регионалната соработка.

Франкофонијата ја сочинуваат 49 земји членки, четири придружни земји и 10 земји со статус на набљудувачи на самитите на оваа организација.  Република Македонија стана полноправна членка на Меѓународната организација на Франкофонијата, на Самитотот на организацијата, што се одржа во Букурешт, Романија, во 2006 година.

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи