Попоски: Зачленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО придобивка за регионот

Од:

Зачленувањето на Република Македонија во евроатлантските структури е придобивка за сите земји од регионот, вклучувајќи ги и оние кое веќе се дел од НАТО и ЕУ, е заедничка констатација од средбите што министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски ги имаше со неговите колеги за време на одржувањето на безбедносната конференција во Минхен.

На сите билатерални средби, со сите соговорници од повеќе земји членки на ЕУ, како и со аналитичари кои ги следат евроатлантските интегративни процеси во подолг временски период, истакна Попоски, е нагласена конструктивната улога што ја има Македонија како фактор на стабилност, јави известувачот на МИА од Минхен.

– Од македонски аспект го потенциравме фактот дека во долг временски период сите оние услови кои нормално се поставени за сите земји  членки се остварени од Република Македонија и оти принципиелно би било според истата логика според која се одвивало досегашното проширување, односно врз принципи и правила, да се почитува и во македонскиот случај, да спречиме каков било процес што би го направило блокирањето атрактивен спорт во балкански контекст, изјави Попоски денеска по завршувањето на средбата со неговиот полски колега, Радослав Сикорски.

Полска, потенцира Попоски, интензивно работи на  процесот на проширување, принципиелно го користи уставното име на Република Македонија и држи до почитување на меѓународното право. Во тој контекст, посочи тој, сметаме дека овие земји од нашиот регион може да играат поактивна улога.

– Имав можност вчера да дискутирам и со мојот бугарски колега. Заеднички се заложивме за тоа работата и дијалогот помеѓу двете МНР да продолжи и да не дозволиме какво било  генерирање на негативна енергија во јавноста, што мислам дека не може никому да користи, констатира шефот на македонската дипломатија.

На новинарско прашање дали Република Македонија ја има поддршката за евроатлантските интегративни процеси од Бугарија и од Полска, Попоски со одговор дека според она што ми беше кажано, подвлече, можеме да сметаме и се надевам оти на тој начин ќе бидат носени одлуките во следниот период.

Инаку, на средбите што ги имаше Попоски на маргините на минхенската безбедносна конференција, заедничка била и оценката дека веќе се надминати оние безбедсносни прашања во ЈИЕ, но поголем ризик постои, како што изјави македонскиот шеф на дипломатијата, од атрактивноста на определена радикализација во политичката реторика во повеќе земји.

– Тоа е ризик кој не треба да се потценува и најдобар начин да се справиме со таков тип на ризици е да се задржи кредибилитетот на интеграциските процеси, изјави денеска минстерот за надворешни работи на РМ, Никола Попоски.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски