Попоски до Младенов: Да градиме заедничка европска иднина

Од:

„Република Македонија високо ја цени поддршката што Република Бугарија во континуитет и ја дава од осамостојувањето до денес, а во тој контекст и поддршката на процесот за проширување на ЕУ. Трајна определба на Република Македонија, е заедно со Република Бугарија, да градат заедничка иднина во европските и евро-атланските структури, која на двата блиски народа ќе им овозможи благосостојба, просперитет и мир“.

Ова се наведувa во одговорот на министерот за надворешни работи Никола Попоски до неговиот бугарски колега Николај Младенов, по писмото со кое Младенов предложи три мерки со кои би се обезбедила бугарската поддршка за евроинтеграцијата на РМ.

Во писмото Попоски изразува посебно задоволство од тоа што шефот на бугарската дипломатија цени дека предлозите во писмото кое тој му го упатил, се солидна основа за рамката на активности која ќе ги зајакне односите меѓу двете држави.

„Воедно, го делиме мислењето дека нашата зачестена комуникација прераснува во еден суштински и конкретен дијалог, заснован врз европските принципи и вредности. Тој дијалог несомнено ќе придонесе ние како соседи да се гледаме без предрасуди и да дејствуваме како вистински и искрени пријатели“, пишува министерот Попоски.

Би можело да ве интересира

Ја избоде до смрт мајката на поранешната девојка

А1он

Мицкоски: Никогаш нема да се повлечеме од преговори со ЕУ, цел на оваа Влада е државата да стане дел од Унијата

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: ЕУ, САД и НАТО ја зајакнаа својата заедничка позиција за Украина

Горан Наумовски

Европските лидери поставија пет услови пред средбата Путин-Трамп

ЕУ подготвува нови санкции кон Русија

Калас: Нема отстапки додека Русија не се согласи на безусловно примирје