Нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува попладнево.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), можна е појава на локално невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и врнежи од град.
УХМР препорачува, во случај на појава на електрични празнења, поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.