Попладне протест за измените на Кривичниот законик

Од:

Денеска во 18 часот ќе се одржи протест против измените во Кривичниот законик. Протестот е најавен на Фејсбук, а во него е наведено дека го организираат студенти од правните факултети во Македонија.

„Како студенти кои се запишале на правните факултети во Македонија, не можеме да останеме рамнодушни на постојаната тенденција и постапки кои водат до целосно упропастување на правниот систем. На Македонија и е потребна нова, некорумпирана генерација правници. Но страв ни е дека додека ние, како актуелни студенти, стасаме до позиции на правораздавачи – правдата ќе стане мисловна именка. Чашата ја прелија новите брзи, нетранспарентни измени на Кривичниот законик. Затоа не можеме да бидеме тивки како студенти кои решиле да останат во Македонија и да се борат за правда во оваа држава. Доста е од злоупотреба на европското знаме, затоа бараме и сметаме дека е нужно некој конечно да одговара за ваквите фалсификувања. Доста е од користење и урнисување на правото и законите за лични, политички интереси. Бараме правдата да ги стигне сите оние кои допринеле до огромната недоверба во правниот систем“, стои во најавата за протестот.

Дел од законските измени пак, кои се поврзани со кривични дела кои ги сториле владини претставници стапија на сила минатата недела. Останатите измени, на сила стапуваат шест месеци откако беа објавени во Службениот весник.

Би можело да ве интересира

Работната група од 2020 година правела нов Кривичен законик, не ги пишувала измените за поблаги казни за функционери

Русковска: Бев дел од групата за измените на Кривичниот законик, но нашиот предлог е сосема поинаков

Тодоровиќ се спасува од предметот за „Скопје 2014“ благодарение на измените во Кривичниот законик

Александар Тодески

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

ВИДЕО: Запалени фотографии на протестот пред Влада и порака дека законските измени нема да аболицираат никого

(ВИДЕО) Студенти на протестот пред Влада: Правото стана алатка на богатите