Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од:

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека денеска во попладневните часови во одредени делови на земјата ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа врнежите ќе бидат пообилни проследени со силен ветер, силни електрични празнења и изолирана појава на град.

Кон крајот на денот и во ноќните часови, во југоисточните делови од земјата се очекува локално невреме, а наместа врнежите ќе надминат 25 литри на метар квадратен.

Во Скопје и околината попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд со грмежи и засилување на ветерот. Температурата во 11 часот изнесуваше 28, а се очекува да достигне до 33 степени.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска