Помпео во Охрид: Силна американска поддршка за членство во ЕУ и НАТО

Од:

Премиерот Зоран Заев и државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Мајкл Помпео, имаа средба во Охрид, откако претходно државниот секретар на САД се сретна со претседателот Стево Пендаровски.

На средбата доминантна тема беше проекцијата за развој на соработката меѓу двете земји стратешки партнери, со посебен акцент на потенцијалот за натамошно унапредување на економските односи и за привлекување нови американски инвестиции во земјава.

Посебно внимание за време на разговорот беше посветено на успешната соработка и партнерство во доменот на одбраната, особено меѓу АРМ со Националната Гарда на Вермонт, како и во рамките на воените мисии ISAF и „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

На средбата меѓу владината делегација и државниот секретар на САД и неговата придружба, беше нагласено дека останува силната и континуирана американска поддршка за финализирањето на постапката за полноправно членство во НАТО и за напредокот на земјава во процесот за членство во ЕУ.

Во разговорот на билатералната средба се разговараше и за прашањата кои се однесуваат на стабилизација и просперитет на регионот со Вашингтон како главен промотор на политиката на проширување на Алијансата со државите од Јадранската Повелба.

Би можело да ве интересира

Поранешниот шеф на ЦИА стана директор на украинска компанија за мобилни телефони

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска