Помислив дека е нешто од рубриката „верувале или не“, вели премиерот за антикорупцискиот закон на СДСМ

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше најавата на опозицискиот СДСМ за подготовка на нов закон за борба против корупцијата, оценувајќи дека иницијативата доаѓа од луѓе кои, според него, додека биле на власт ги менувале законите за да се заштитат од одговорност.

„Кога неодамна го слушнав ова, мислев дека е нешто што го прочитав во рубриката ‘Верувале или не’. Затоа се воздржав од коментар и почекав да помине некое време, но гледам дека тие навистина веруваат во оваа работа“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за најавениот закон од СДСМ.

Тој ја обвини опозициската партија дека со измените на Кривичниот законик во минатото овозможила амнестија за, како што рече, криминалот направен додека била на власт.

„Во ова веруваат луѓето, односно дечињата на принцот на криминалот, кој за да се амнестира себеси и криминалот што го правеше заедно со своите дечиња кои сега ги инсталира во СДСМ, го смени Кривичниот законик, со што практично се амнестираше сиот криминал што го правеа како влада“, изјави премиерот.

Мицкоски оцени дека СДСМ ја „малтретира јавноста“ со, како што ја нарече, платформата или фронтот за борба против криминалот и корупцијата.

„Навистина не можам да се изначудам на тоа што го слушам. Главната работа што нив ги вознемири е што во последно време станав многу чувствителен и тие тоа го артикулираа дека со моите чувства нарачувам обвинителски истраги. Се исплашија од сето тоа и побрзаа да се претстават како жртви на политички прогон“, рече тој.

Премиерот додаде дека во државата „веќе две години владеат законите и Уставот“ и порача дека оние кои немаат вина нема причина да стравуваат од судски постапки.

Од друга страна, СДСМ веќе подолг период најавува подготовка на нов антикорупциски закон. Лидерот на партијата, Венко Филипче, изјави дека целта на законот е да стави крај на неказнивоста и да воспостави систем во кој секој што го прекршил законот ќе сноси одговорност.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нашиот стратешки партнер САД ја намали воената помош за земјата зашто знае каква власт нè води

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пред Атлантскиот совет: За членство во ЕУ треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Филипче: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

Му пишувал дека е свиња и дека ќе го коле на плоштад, Мицкоски за заканите од 39-годишниот маж

Катерина Ѓуровски