Положено цвеќе на гробот на поранешниот претседател Трајковски

Од:

По повод одбележувањето на 14 години од смртта на поранешниот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, делегација на Град Скопје, денеска, положи цвеќе на неговиот гроб во Алејата на Великаните на градските гробишта Бутел.

Делегацијата на Град Скопје, беше составена од Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, советникот на градоначалникот, Азиз Максутовиќ и членот во Советот на Град Скопје, Петар Шапе.

Со овој чин, делегацијата на Град Скопје, оддаде почит на Вториот Претседател на независна Република Македонија, кој на 26 февруари, 2004 година, во атарот на село Ротимље, во близина на Мостар, трагично го загуби својот живот, во авионска несреќа.

Цвеќе, на гробот на Борис Трајковски, положија и делегации од Владата на Република Македонија, од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, од Собранието на Република Македонија, од Министерството за култура, од АРМ, претставници на политички партии, претставници од дипломатскиот кор, претставници на образовни и научни институции, здруженија, како и голем број граѓани од нашава земја и од странство.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања