Политичките партии не ги поднеле финансиските извештаи за 2024 година

Од:

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска преку соопштение информира дека политичките партии кои заклучно со 30 март 2025 година се уште не ги поднеле сите или некои од финансиските извештаи за 2024 година итно да ги достават до нив.

– Во интерес на обезбедување законитост, транспарентност и отчетност спрема граѓаните на Република Северна Македонија за трошењето на средствата обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија за финансирање на активностите од редовното работење на политичките партии регистрирани во земјата, укажуваме на потребата од навремено исполнување на обврските за редовно годишно финансиско известување од страна на сите политички партии односно: Согласно 27-б од Законот за финансирање на политичките партии („Службен весник на Република Македонија“ бр. 76/04, 86/08, 161/08, 96/09, 148/11, 142/12, 23/13 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 294/20) Министерот за правда по предлог на Државниот завод за ревизија донесува Одлука за запирање (суспензија) на исплатата на средствата за редовно годишно финансирање од Буџетот на Република Северна Македонија на политичките партии кои не поднеле финансиски извештаи во законски утврдените рокови, односно во случајот не поднеле Извештај од регистарот на примени донации, годишна сметка и/или годишен финансиски извештај согласно одредбите од член 25, член 26 и член 27 од истиот Закон, во случајот, за известувачката 2024 година, се вели во соопштението.

Во поглед на констатираната фактичка состојба на финансиско известување за известувачката 2024 година, ДЗР укажува на потреба од итно постапување на политичките партии кои заклучно со 30 март 2025 година се уште не ги поднеле сите или некои од погоренаведените финансиски извештаи, апелира итно да ги достават до нив.

Во спротивно, како што наведуваат, а согласно своите законски надлежности, ДЗР ќе поднесе предлог до министерот за правда за донесување Одлука за запирање на исплатата на средствата за редовно годишно финансирање од Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година за политичките партии кои нема да ги поднесат финансиските извештаи за 2024 година.

Посочуваат дека со недоставување на финансиските извештаи се влијае негативно на степенот на отчетност, транспарентност и јавност во трошењето на јавните средства обезбедени од Буџетот од страна на политичките партии и се нарушува угледот на Република Северна Македонија пред мониторинг телата на Европската Унија и меѓународната заедница во целина.

Би можело да ве интересира

Идентификувани слабости во планирањето, прераспределбата и реализацијата на буџетските средства за 2024 година

Катерина Ѓуровски

143 милиони евра потрошени за гасоводите кои не се во употреба

Катерина Ѓуровски

Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Нелогични и непостоечки трансакции, сомнтелни манипулации со дневен промет – сериозни сомнежи за работењето на Државна лотарија

Јавна расправа за извештајот ДЗР кој алармира: Недостатоци во спроведувањето на Истанбулската конвенција излегуваат на површина