Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција

Од:

Државниот завод за ревизија спроведе ревизија на работењето на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) за 2024 година, при што детектирани се низа слабости, меѓу кои и во начинот на набавка на службени возила.

Ревизорите укажуваат дека при долгогодишната пракса СОЗР да обезбедува возила од повисока класа за повеќе државни институции преку лизинг, недостасуваат јасно утврдени процедури и упатства за планирање и оправданост на ваквите набавки. Според извештајот, не се прибираат информации од институциите дали во меѓувреме се промениле нивните реални потреби за користење службени возила, ниту дали постои основа за продолжување на лизинг-договорите.

Дополнително, ревизијата утврдува дека не се спроведува детална анализа на економската оправданост на лизингот, односно не се разгледуваат вкупните трошоци во однос на придобивките, ниту се прави анализа на трошоци и бенефити како основа за носење одлуки.

Посебна забелешка се однесува и на јавните набавки, каде што, според ревизорите, постои потреба од подобро уредување на постапката за подготовка на техничките спецификации, со цел да се овозможи вистинска конкуренција меѓу економските оператори. Како алармантен податок се наведува дека во последните три постапки за јавна набавка учествувал само еден понудувач.

Со актуелните договори за лизинг се обезбедуваат вкупно 45 службени возила, при што секоја година се издвојуваат значителни средства од државниот буџет, наведува Државниот завод за ревиз

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски