Политички судир: ДУИ бара одговорност од Меџити за спорна исплата

Од:

Демократска унија за интеграција упати обвинувања за, како што наведува, злоупотреба на буџетски средства во Општина Чаир и побара оставка од Изет Меџити.

Според партијата, во системот „Open Finance“ е евидентирана месечна исплата од околу 1.000 евра за Хаќим Рамадани, поранешен директор и кандидат за градоначалник на Брвеница на претходните локални избори. Од ДУИ тврдат дека лицето не живее во Чаир, не е даночен обврзник во општината и нема директна поврзаност со потребите на граѓаните.

Во реакцијата се наведува дека во исто време воспитувачките и вработените во градинките во Чаир веќе шест месеци не добиле исплата од околу 100 евра, што, според партијата, довело дел од нив да ги напуштат работните места.

„Пари за партиските кадри има, за воспитувачките нема“, се наведува во соопштението.

Од ДУИ оценуваат дека станува збор за „морална, политичка и институционална злоупотреба“ и додаваат дека Меџити го загубил кредибилитетот да зборува за одговорност и грижа за граѓаните.

Партијата бара негова итна оставка и најавува дека ќе продолжи со притисокот сè додека, како што велат, не се врати институционалното достоинство во Чаир.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

Меџити: Старата скопска чаршија останува наш приоритет

Горан Наумовски